еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија седум медали на натпреварот „Мундус Вини“

По трет пат годинава, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освојуваат медали на интернационални вински натпревари. Најнови во низата високи награди се медалите освоени на најголемиот и најпознатиот германски вински натпревар „Мундус Вини“.

На овој престижен натпревар, златни медали освоија црвените вина „Domaine Barovo“ од бербата 2017-та и „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ од бербата 2016-та, кои се дел од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“, како и „Vranec Special Selection“ 2017-та и „Alexandria Cuvée“ од бербата 2018-та.

Сребрените медали пак, ги понесоа белото „Domaine Barovo 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rose 2019“, како и црвеното „Terrasse à L’Ombre 2018“ од француската винарница „Château de Gourdon“, што е дел од „Тиквеш“.

Овие престижни награди се добиени во конкуренција од речиси 7.500 други вина. „Мундус Вини“ претставува еден од најреномираните светски вински натпревари кој се одржува два пати годишно, при што вината се евалуираат на пролетна и есенска сесија за оценување од страна на висококвалификувано меѓународно жири составено од енолози, винари, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари.

Вината на „Тиквеш“ веќе со години претставуваат најтрофејни вина од Југо-Источна Европа, а само од почетокот на оваа година освоија 12 медали и тоа на престижни натпревари одржани во Кина, Франција и Германија.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Караван „Скопје на точак“: Над 1.700 велосипедисти направија круг низ градот

Редакција

Звучните уметници Тони Димитров и Мартин Георгиевски со учество на првото Биенале на Западен Балкан во Грција

Редакција

Се отвора 14.Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

Редакција