Со донесувањето на измените на Кривичниот законик ќе се овозможи застарување на 14 судски предмети во кои се обвинети над 80 лица, објави Коалицијата „Сите за правично судење“ на Фејсбук.
Од таму потенцираат дека во оваа евиденција не се земени предвид случаите кои во моментов се наоѓаат во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според Коалицијата, со измените кои беа експресно донесени во текот на вчерашниот ден ќе застарат следните случаи: ТНТ, Талир, Талир 2, Трезор, Тарифа, Дизајн, Топлик, Титаник, Тендери, Титаник 2, Траекторија, Шпански скали, Таргет/Тврдина, предмет за Стевчо Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанушев доби условна осуда за набавката на кинеските автобуси
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.