еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

„Не се игра на ваков терен“, изјави италијанскиот селектор Спалети, откако изиграа нерешено со Македонија

Македонија и Италија синоќа изиграа нерешено во Скопје, во мечот за пласман на Европското првенство.

Голот за Македонијка, против актуелниот европски првак, го даде Елиф Елмас, кој по завршувањето на мечот им се извини на Италијаните за условите во кои се играше натпреварот.

„Игравме на ужасен терен и сакам поради тоа да им се извинам на италијанските фудбалери. Не дека нам ни беше лесно да играме во вакви услови, но таква е реалноста. Пресреќен сум од освоениот бод, кој е исклучително значаен за нас.

Веднаш се виде дека Италија игра различно под палката на Спалети, кој воведе работи во играта на кои бевме навикнати во Наполи. Знаев дека неговиот систем многу тешко може да се примени на ваков терен“, изјави Елмас.

Италијанскиот селектор Лучано Спалети на прес-конференцијата по натпреварот се пожали на катастрофалниот терен.

„Не знаевме во каква состојба е теренот. Македонија тука имаше предност. Не можевме да ја развиеме нашата игра. Секогаш како тренер сакам мојот тим да игра убаво. Не успеавме да ја раздвоиме дефанзивната линија на противникот, Македонија играше со петмина во одбраната. Инаку сум задоволен како мојот тим изгледаше на теренот,“ изјави Спалети.

Фото: Фејсбук/Фудбалска репрезентација на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети: ДУИ избра 16 секретари на секретаријати

Редакција

СЗО прогласи вонредна состојба на глобално нив поради корона вирусот

Редакција

(Видео) Директорката на УЈП, Лукаревска приватно: Би глумела во Dirty Dancing, на вечера би ја поканила Евита Перон

Редакција