Бизнисменот Стефанос Каселакис, кој живее и работи во САД, доби најмногу гласови на вчерашниот избор за нов претседател на СИРИЗА, откако претходно Алексис Ципрас поднесе оставка, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Стефанос Каселакис, можниот нов претседател на СИРИЗА
Тој доби 45,47% од гласовите, но не ги освои потребните над 50%, па следната недела ќе има втор круг.
Втора на гласањето на кое имаше голем одзив е Ефи Ахциоглу, а трет Никос Папас, поранешен министер од ПАСОК.
Гласаше и Ципрас, кој после подолго време за првпат се појави во јавноста.
Право на глас имаа сите членови на СИРИЗА со над 15 години, како и тие кои се зачленија во партијата во текот на вчерашниот ден, на самите гласачки места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА, нема да се кандидира за нов мандат
Фото: Фејсбук/Каселакис