еМагазин
Image default
Забава

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ во среда гостува во Прилеп

По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме“ оваа среда (27 септември) патува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

И овој пат публиката ќе ужива во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“... отпеани од Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од неверојатниот Николче Мицевскии има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Тајзи го промовираше видео-записот за песната „Сине“

Редакција

Наградата „Златна мечка“ за филмот „Синоними“

Редакција

(Мапа) Сите детали: Започнува фестивалот на светлосната уметност „Skopje Light art district 2020“

Редакција