Локалната телевизија ТВ Стар објави дека убиецот на Танкица Младеновска, Усеин Рашидов е пренесен во кумановскиот истражен затвор, каде според информации на телевизијата се однесувал смирено, не разговарал со никого, ниту пак одговарал на прашањата од истражните органи.
Тој е сместен во притворскиот дел, а првиот ден не побарал ниту вода, ниту леб.
Рашидов од убиената Младеновска досега изнудил 7.000 евра, принудувајќи ја на кредити од банка и брзи кредити, објави телевизијата ТВ Стар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жената од Кочани имала убодни рани во градите, стомакот, вратот и рацете, убиецот заврши во притвор
Убиената жена од Кочани, подолг период била уценувана со компромитирачки фотографии и видеа
Видео/фото: ТВ Стар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.