еМагазин
Image default
Македонија

Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота, информираат од МОН

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека наменските платежни картички за користење на средствата за субвенциониран студентски оброк, студентите кои ги исполните условите за остварување на ова право, ќе можат да ги подигнуваат во филијалите на Шпаркасе банка и во текот на утрешниот ден, сабота (30.9.2023).

МОН, како што наведува во соопштението, упатува апел до сите студенти кои сè уште не постапиле согласно дадените насоки, да го сторат тоа и да појдат до филијалата за која се известени дека ќе им издаде картичка.

Користењето на средствата за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, започнува од понеделник, односно со почетокот на новата академска 2023-2024 година.

Потсетуваме дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои се стекнале со статус на студенти во академската 2023/2024 година, трае до 2 октомври 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со многу неизвесности поради Ковид-19 почнува учебната година за учениците и студентите

Редакција

Дерковски: Нема фантоми во Избирачкиот список

Редакција

СДСМ е против менување на државниот грб

Редакција