еМагазин
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Видео) Бурекот на македонката Спасија Динковски хит во Лондон

Пред неколку дена Спасија Динковски, која е по потекло од Македонија, во Лондон го отвори локалот „Дома„ во кој меѓудругото продава и бурек и пити по рецепти на нејзините мајка и баба.

Таа и од претходно и е позната на британската јавност преку кулинарски бренд Mystic Börek, сега Mystic Burek (мистичен бурек).

За бурекот на Спасија деновиве пишуваат бројни локални медиуми, а продажбата е далеку над нејзините очекувања.

Таа го започна својот бизнис за време на карантинот поради пандемијата со Ковид-19 во 2020 година, доставувајќи ја нејзината храна, направена дома, а ја продаваше преку Инстаграм.

Минатата година за нејзе пишуваше и Гардијан.

Можете да ја следите на нејзиниот Инстаграм профил, ОВДЕ.

Фото: Инстаграм/Динковски/Гардијан/видео: Loti Clients

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Илинден, денеска, прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија

Редакција

Повторно уапсен поранешниот американски претседател Трамп

Редакција

Едно лице убиено, а друго е повредено при пукање во Батинци

Редакција