еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Заради покривање на енергетската криза грѓаните се оштетени за 220 милиони евра

Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните се тема на денешната дебата која се одржува во организација на Цивика мобилитас, а во рамки на проект поддржан од Владата на Швајцарија.

На настанот беше презентирано истражување за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.

Според податоците од истражувањето заради покривање на дополнитените расходи кои ги наметнала енергетската криза во 2022 година, Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации информира дека станува збор за проекти како реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина.

„Кога кон овој износ ќе се додат и 50 милиони евра капитални проекти кои требало да се реализираат од локалните власти, произлегува дека граѓаните се условно кажано оштетени за 220 милиони евра кои требало да придонесат кон подобрување на нивниот квалитет на живот,“ изјави таа.

Задолженоста на сите институции, според Факиќ, е зголемена за 30 проценти и изнесува 800 милиони евра.

„Многу е важно да настојуваме товарот на зголемените трошоци да не паѓа толку на граѓаните, туку да влијае и на привилегиите кои за себе си ги обезбедуваат функционерите,“ истакна Факиќ.

Истражувањето покажало и дека за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 проценти од капиталните расходи односно 130 милион евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“.

Факиќ потенцира дека тука станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Редакција

(Вознемирувачко фото+видео) Најмалку шест лица загинаа, а 38 се повредени во експлозија во центарот на Истанбул

Редакција

Скопјанец испукал 11 куршуми во возило во кое биле негов познаник и неговата сопруга

Редакција