Владата подготвува документ за зголемување на акцизата за половните возила кои што се увезуваат во земјата, објави Телма.
Во документот кој го добил Телма, се вели дека по сеопфатните дискусии за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и износите потребни за пресметка на данокот согласно новата метода, која произлегува од проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, Министерството за финансии заедно со Царинската управа подготвиле два предлози, од кои во едниот се вметнати и сугестиите на дел од бизнис заедницата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.