еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 13 милиони лица

Во светот веќе има над 13 милиони, поточно 13.041.695 заразени лица со коронавирусот, пренесе страницата „Ворлдметерс“.

Според неа, од Ковид-19 досега умреле 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале.

Се уште е најлоша ситуацијата во САД, каде што повеќе од 3,4 милиони луѓе се заразени со вирусот, додека 137.733 лица умреа.

На второ место по бројот на заразени и мртви е Бразил со повеќе од 1,8 милиони случаи и 72.100 смртни случаи.

Следува Индија со 879.466 заразени, Русија 727.116 заразени и Перу со 326.326 заразени.

Повеќе од 300.000 заразени лица уште имаат Чиле, Шпанија и Мексико, а на деветтото место е Велика Британија со 289.603 заразени лица. Јужна Африка е на 10-то место во светот по бројот на инфектирани со 276.224 случаи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетово има повеќе активни случаи на Ковид-19 од скопски Чаир

Имаа 24,25 и 27 години: Најмладите пациенти во Македонија кои починаа од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски телеком доминира на пазарот на Интернет со широк опсег

Редакција

ССНМ бара посебен пакет мерки за новинарите и медиумските работници

Редакција

ЕДС го доби тендерот на општина Кавадарци за набавка на струја вреден 295.000 евра

Редакција