еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Четворица малолетници од Демир Капија силувале врсничка, мајката на девојчето пријавила во полиција

Четворица малолетници од Демир Капија силувале врсничка, а мајката на девојчето пријавила во полиција, информираа од СВР Велес.

Оттаму појаснија дека синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив.

– Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додадоа од СВР Велес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ограбен скопјанец на улица: Двајца со физичка сила му ги зеле парите

Редакција

Феудализам во Македонија: Работат, а живеат во сиромаштија

Редакција

Кина криела информации за Ковид-19, откриваат тајни снимки на СЗО

Редакција