еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гордана Јанкулоска излегува од затвор на 1. ноември

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е во затворот Идризово за случајот „Тенк“ излегува од затвор.

Апелациониот суд Скопје ѝ ја уважи жалбата, со што ја ослободува од затвор, а таа ќе излезе на 1. ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најтешко ми е што сум разделена од синот, вели Јанкулоска во интервју за „360 степени“

„Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, при што Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело“ се наведува во соопштението.

Апелациониот суд Скопје информира дека при одлучувањето ги земало в предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор.

„Имено, судот ги ценеше личните прилики на осудената, особено околноста дека осудената е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, а посебно ценејќи ги предвид податоците од Установата каде осудената ја издржува казната затвор, со оглед да осудената ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, истата се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми.

Во досегашниот издржан дел од казната во ниту еден момент не биле евидентирани прекршоци на одредбите од куќниот ред, го почитувала истиот и имала примерно поведение, а воено и коректен однос кон службените лица.

Сметано од 25.10.2022 година, осудената била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост, користела и погодности надвор од установата, што упатува дека осудената се поправила до степен што основано може да се очекува дека на слобода добро би се однесувала и дека нема да врши кривични дела, со што е остварена и целта на казнувањето предвидена со чл.32 од КЗ“ се додава во соопштението од Апелација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска во најблизок контакт со Јанакиески, со Ставрески не комуницира

Фото: Јанкулоска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци од ДИК: „За“ гласале 520.461 лица, а „против“ 32.801 лица

Редакција

(Галерија) Скопското кафуле “Тренд“ во ново руво

Редакција

Британската „Де Ла РУ“ го доби тендерот на Народна банка за набавка на 20.000.000 книжни десетденарки

Редакција