Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е во затвор, направи луксузна свадба на синот Јордан, кој се ожени со Анастасија.
Еве да видите што сте платиле вчера за свадбата. pic.twitter.com/x6SNzIC4AI
— На Твитер најубавиот (@natwnajubaviot) October 14, 2023
Свадбата предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Како што пренесуваат домашните и регионалните медиуми венчавката била во манастирот Св. Јован Бигорски, а свадбата во хотелот Мериот.
На истата присуствувале македонски, но и српски пејачи, меѓу кои и Светлана Ражнатовиќ, како и Милица Павловиќ.
View this post on Instagram
На свадбата беше и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, Тамара Тодевска…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт
Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра
Фото: Инстаграм/МИА