еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Трпчески и пријателите низ Балканот со Македонисимо

По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, македонскиот пијанист Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе го изведе проектот Македонисимо.

Трпчески, Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев денеска ќе настапат во Сомбор, Србија, утре во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, на 26 октомври се враќаат во Србија за гостувањето на Фестивалот НОМУС во Нови Сад, заокружувајќи ја серијата со концерт во Темишвар, Романија, на 28 овој месец.

Македонскиот пијанист веќе наредниот месец е на турнеја во Австралија, а исполнетиот распоред до крајот на годинава, како што информира „КултурОп“, го води и на концертите со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првото рочиште за случајот „Беса Транс“ одложено за 15 ноември

Редакција

Веро е прогласен за најдобар супермаркет за 2021 година

Редакција

Ако нема уставни измени, на Македонија и се заканува изолација, порачаа од ЕУ

Редакција