еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Унгарскиот парламент го одби предлогот да се гласа за членството на Шведска во НАТО

Унгарскиот парламент синоќа го отфрли предлогот за гласање за кандидатурата на Шведска за влез во НАТО, што дополнително го одложи вклучувањето на оваа нордиска земја во Алијансата.

Унгарија е главната пречка за Шведска да влезе во НАТО, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поднесе протоколот до турскиот Парламент со кој го одобрува приемот.

Владејачката партија Фидес, предводена од популистичкиот премиер Виктор Орбан, кој се смета за еден од сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ и има апсолутно мнозинство во унгарскиот Парламент, ја одложува кандидатурата на Шведска од јули 2022 година.

-Пратениците на Фидес денеска го блокираа предлогот за закажување на гласање, изјави Агнес Вадаи, пратеничка на унгарската опозициска Демократска коалиција и поранешна државна секретарка во Министерството за одбрана.

Следниот можен начин за гласање за ратификација ќе биде на собраниската седница што ќе почне на 6. ноември, додаде таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган до Парламентот достави предлог за ратификација на кандидатурата на Шведска за НАТО

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот министер за внатрешни работи под истрага за силување

Редакција

Твитер му „закачи“ нов алијас на министерот за надворешни работи: Никола Димитров – Никиликс

Редакција

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Редакција