еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Новите правила за влез во ЕУ кои важат и за македонските граѓани, со барање одобрение и плаќање такса повторно одложени

Новите правила за влез во Европската унија нема да важат најмалку уште една и пол година, потврдиле од Европската комисија (ЕК) за N1.

Како што е наведено од ЕК, Агенцијата на ЕУ за оперативно управување со големи ИТ системи во областа на слободата, безбедноста и правдата (ЕУ-ЛИСА), која е одговорна за планираниот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), усвои нова временска рамка која предвидува нејзино пуштање во употреба најрано пролетта 2025 година.

-Согласно новата временска рамка усвоена од ЕУ-ЛИСА и политички поддржана од Советот на ЕУ, новиот патоказ за испорака на новата ИТ архитектура предвидува дека системот за влез/излез ќе биде оперативен есента 2024 година и дека ЕТИАС ќе биде подготвен за пуштање во функција во пролетта 2025 година, изјави за N1 портпаролката на Комисијата на ЕУ, Анита Хипер.

ЕТИАС е систем преку кој жителите на земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ (вклучувајќи ја и Македонија) и сакаат да патуваат на територијата на Унијата, ќе треба да аплицираат и да побараат одобрение за влез во Шенген зоната, по цена од седум евра.

Според првичниот план, ЕТИАС требаше да биде пуштен во употреба во ноември годинава, но имплементацијата на тој систем прво беше одложена за почетокот на следната година, а потоа за мај 2025 година, со можност за дополнителни одложувања.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаб интерес на македонските фирми за заштита на трговските марки со Македонија/македонско

Редакција

Убава вест: Оздравени 109 пациенти со Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

МНТ: Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот

Редакција