еМагазин
Image default
Спорт

Бавна трка со мотори „Не е сѐ во брзината!“ ќе се одржи по шести пат

„Не е сѐ во брзината!“ ќе се оддржи по шести пат, а главната цел на настанот е да се подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина, а истата е организирана од Мото Клуб Вепар веќе 6 години, информираат од таму

Трката ќе се одвива во 4 категории и тоа: мотоцикли до 50 цм3, мотоцикли од 51 до 500 цм3, мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3 и мотоцикли поголеми од 1.000 цм3.

Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација: победникот продолжува со натпреварување, победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта.

Правила: учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија, учесникот не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката), учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник.

Сите заинтересирани за учество во мото трката можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10 и 11.30 часот на денот на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Знаменосци на македонското знаме на отворањето на Летните олимписки игри во Париз ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ

Редакција

Mакедонските атлетичари Ивановски, Стојоски, Трајковски и Поп Арсова со импресивни резултати на европски и балкански натпревари

Редакција

Данило Брестовац не е повеќе селектор на машките ракометни сениори

Редакција