еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој стои зад нападот на Раде Трајковски Штекли?

Не се дозна кој го нападна Раде Трајковски Штекли во август годинава, а Министерството за внатрешни работи (МВР) за вториот напад врз Штекли во скопскиот трговски центар Ист Гејт, каде се случи и првиот, оформи штаб и собира податоци за напаѓачот и мотивот за вооружениот напад, кој ја вознемири јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотографии од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли, од обложувалница

Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Објавени се и фотографии од напаѓачот, како и и видео од инцидентот, а медиумите неофицијално претпоставуваат дека напаќачот можеби имал помошник или помошници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имал ли напаѓачот на Раде Трајковски Штекли помошник?

Од МВР потврдија дека станува за криминална пресметка, а според неделникот Фокус зад нападот можеби стои новоформираната криминална група „Барон“, која го добила името според кафуле во скопски Чаир.

Во неа според неделникот, членуваат повратници од боиштата во Сирија, истренирани борци, кои се борат да земат дел од криминалниот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Раде Трајковски Штекли, кој по вторпат е мета на вооружен напад

Според извори на Фокус, кои се добро запознати со она што се случува во подземјето, блиндираниот џип со кој се заштитил Штекли, при првиот напад во август, му припаѓал на кланот „Беланоца“.

Според неделникот од „Барон“ сакаат да ја заземат територијата на кланот „Дуќанџик“, откако пред неколку месеци на Халкидики во Грција, беше убиен неформалниот водач на кланот, Орхан Ибраими-Оки (39), со што „Дуќанџик“ остана обезглавена, а токму оваа група беше главна во подземјето во постојана ривалска битка со другата „Беланоца“, пишува Фокус.

Единствениот жив лидер на „Беланоца“, Фатљум Ајети-Тоте, пак е во притвор, но е поблизок до новите криминални групи што се создаваат и што сега доминираат, пишува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Веста за пукањето во Ист Гејт одекна и во регионов

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Совети како да заштедите, да го намалите отпадот на храна и да ја зачувате животната средина

Редакција

Министерството за финансии вработува пет лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Левица поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собранието

Редакција