Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата, посочи денеска претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија, Рашела Мизрахи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски објави нови сознанија за случајот со Онкологија
Оттука, како што рече, се наметнува потребата да се испитаат сите нови информации, да се продолжи рокот на работата на Комисијата, воедно и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април годинава, на кој се однесува извештајот на Фондот за здравствено осигурување.
„Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи. Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато.
Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни колични лекови за суми кои се изразени во милиони евра.
Трета работа се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите.
За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба поматаму не е позната,“ рече Мизрахи.
Таа потенцираше дека ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе.
„Ова значи дека дивото месо е длабоко вкореното во здравствениот систем. Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на Клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале. Јавноста заслужува одговори,“ рече Мизрахи.
Мизрахи појасни дека по последниот ден за распит на сведоци и експрти има рок од 30 дена за разгледување документација, по што треба да излезе со заклучоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash