еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

50-годишен маж од Охрид е загинатиот во сообраќајката кај Битола

Педесет годишен маж од Охрид е загинатиот во синоќешната сообраќајка кај Битола, информираа од СВР Битола.

Од таму велат дека несреќата се случила на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над селото Братиндол, битолско, помеѓу патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н. (24) од селото Езерани, ресенско и сопатникот К.Ш. (25) од село Царев Двор, ресенско и патничко возило „рено клио” со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С. (50) од Охрид и сопатничката Н.С.(55) од Охрид.

Во Клиничката болница во Битола, кај Г.С. била констатирана смрт како последица од повредите.

Повредени се и другите три лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во сообраќајка во близина на Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Француските специјалци користат гранати против „Жолтите елеци“

Редакција

Вкупно 1.625 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

Редакција

За Велигден дожд: Времето ќе биде променливо до крајот на неделава

Редакција