Медицинскиот тим на Клиника Жан Митрев доби плакета за посебни заслуги и придонес во вежбата по прва помош во итна ситуација – земјотрес, која се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, информираат од таму.
Со симулациски вежби за прва помош на неколку локации во Скопје, за неколку часа беа изведени координирани спасувања и пружање помош по однапред разработено сценарио во вежбата насловена како „Хуманитарен одговор 2023“.
Учесниците на вежбата покажаа највисока подготвеност и мотивираност со цел соодветен одговор и неопходна помош и поддршка на граѓаните во ситуации на елементарни непогоди и катастрофи, а тимот на Клиника Жан Митрев како општествено одговорна здравствена институција ќе продолжи да пружа врвна медицинска услуга и грижа за здравјето на граѓаните согласно највисоките медицински и безбедносни стандарди, посочуваат од таму.