Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата Листа на должници за долгови доспеани до 31.07.2023 и неплатени до 31.10.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листа во првите десет најголеми должници и понатаму остануваат две фирми поврзани со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фирми поврзани со Мијалков со месеци се на Листата на должници на УЈП
Станува збор за Дивелоп груп ДООЕЛ Скопје во чија сопственичка структура се синовите на Мијалков преку фирмата Бест веj и хотелот Гранд М, сопственикот на хотелот Мериот во Скопје, каде уделите на Мијалков беа запленети за случајот “Империја“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По која цена се продаваат становите на Мијалков?
(Видео+фото) Мијалков направи луксузна свадба на синот Јордан
Целата листа ОВДЕ.