еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Oколу 1.000 лица дневно ќе може да се фотографираат за документи во новоотворениот пункт во Скопје

Од денеска и официјално почнуваме со процесот на фотографирање за лични документи и земање биометриски податоци на граѓаните од Скопје, без претходно да се закажува како редовна постапка, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на пунктот во полициската станица Пролет во Општина Центар.

Инсталирани се десет нови работни станици каде што граѓаните ќе можат да се фотографираат за лични документи. Спасовски рече дека системот овозможува околу 1.000 лица дневно да ја поминат целата процедура, по принципот прв дојден-прв услужен.

Работното време на пунктот, како што информираше министерот, ќе биде од 8 до 18 часот, со можност да се продолжи до 20 часот.

Спасовски изјави дека до овој момент на ниво на државата заменети се околу 1.050.000 пасоши, околу 900.000 лични карти и 480.000 возачки дозволи.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Правото на приватност е загарантирано со Уставот, одговор за „Јавна соба“ мора да има во најкус рок

Редакција

Министрите Божиновска и Љутков и Кадиевска-Војновиќ не се веќе во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Радев на Денот на сеќавање на Холокаустот ги “заборави“ 7.144 македонски Евреи кои Бугарија ги депортираше во Треблинка

Редакција