Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој е во посета на Македонија, откри дека Бугарија го блокирала писмото што требало од Европската унија (ЕУ) да и се прати на земјава, дел од процедурата за старт на преговорите.
„За нас ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да се испрати на Северна Македонија пред неколку недели.
Таа е кандидат веќе 18 години и да не може да ги започне преговорите е одвратно, тоа покажува непочитување на земјата“, изјави Сијарто, кој подвлече дека преговорите со Македонија треба да почнат веднаш.
Тој потенцираше дека ЕУ има потреба од Западниот Балкан.
“ЕУ треба да признае дека местото на Западниот Балкан е таму и проширувањето на Унијата треба да започне веднаш и вистинските преговори со Северна Македонија треба да започнат веднаш“, рече тој и најави дека кога Унгарија ќе го преземеме претседателството со ЕУ ќе ги преврти сите камења за да биде сигурна дека пристапувањето на Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побрзо.
Фото: МНР