Во охридската полиција утрово се приведени шест лица, странски државјани без документи за идентификација, за кои постои сомневање дека се илегални имигранти.
Станува збор за четири машки и едно женско лице на возраст од 26 до 39 годишна возраст, како и и едно шест годишно дете кои, според она што го кажале пред истражните органи, доаѓаат од Иран.
Приведените околу еден часот по полноќ биле забележани на автобуската станица во Охрид, по што биле задржани во полициската станица за понатамошна постапка.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.