еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Во срцето на Виена, Аки од Камењане испишува угостителска историја

Ресторанот „Соле“ се наоѓа во срцето на Виена, на улицата Анагасе, до која се стигнува со исклучување од Картнерштасе, главната улица која го поврзува Штефанплац со државната Виенска опера.

„Соле“ можеби и не би бил толку интересен за нас, доколку не се знае фактот дека е во сопственост на Аки Нуредини од Камењане (Тетово) кој е познат угостител во Виена.

Неговиот ресторан е свртилиште на австриски и светски политичари, музичари, оперски пејачи, уметници.

За Аки има и книга „До, ре, ми, фа, СОЛЕ“, која е посветена на триесетгодишната работа на омилениот ресторан на оперските ѕвезди. По овој повод имаше и голема прослава во Виенската опера каде што Аки го зазеде централното место како гостин.

Аки се најде и на насловната страна на списанието „Wien Live“ каде што беа објавени многу слики со неговите гости помеѓу кои и Пласидо Доминго, кој е редовен гостин и кој што најчесто знае да каже дека „Стомакот оди таму каде што му е пријатно.“

Во близина на ресторанот има отворно и бар „Соле“. Специфично за двете места е што се е минималистичко направено со уштиркани чаршави, елегантно, убаво, со ништо вишок и ништо што недостасува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Прилеп се испитуваат наводи за сексуално вознемирување на средношколка од вработен во училиштето

Редакција

(Фото) Од денеска Македонија е целосно воено интегрирана во Алијансата, потпишана заедничката декларација со НАТО

Редакција

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра, објави „360 степени„

Редакција