Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и македонскиот претседател Стево Пендаровски не се сретнаа со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој е во Скопје за министерскиот Самит во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој го испровоцира Лавров во Скопје?
Кој е Сергеј Лавров, кој е во фокусот на Самитот на ОБСЕ во Скопје
Лавров од македонските власти единствено имаше работна средба со неговиот македонски колега, Бујар Османи, кој и го пречека на Самитот, но истата беше во рамки на активностите поврзани со ОБСЕ, односно како што објаснија од Министерството за надворешни работи, истата била свикана од шефот на македонската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ со цел обезбедување натамошно функционирање на институциите на Организацијата.
На истата присуствуваше и колегата на Османи од Малта, Иан Борг, која треба да биде следниот претседавач со ОБСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледа салата во која се одржува Самитот на ОБСЕ
Што е ОБСЕ, чиј министерски Самит почнува денеска во Скопје
Од онаа што може да се види на Твитер (Х) профилот на руската Амбасада во Македонија, Лавров имал неколку средби официјални и блиц средби, и тоа со колегата од Казахстан, Мурат Нуртлеу, со шефот на дипломатијата на Австрија, Александар Шаленберг, со Петер Сијаро, министерот за надворешни работи на Унграија и со колегата од Ерменија, Арарат Мирзојан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија не дала дозвола, авионот на Лавров стигнал во Скопје преку Грција и Турција
(Видео+фото) Лавров слета во Скопје, Блинкен одлета
Фото: Руска амбасада/Твитер