еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) За сликање за документи во пунктот на МВР се чека неколку часа

За сликање за лични документи со новото име на државата без закажување термин во пунктот на Министерството за внатрешни работи кај полициската станица „Пролет“ во Скопје се чека неколку часа, се увери лично екипата на еМагазин вчера.

Како што не информираа вработени во пунктот последниве денови немало големи гужви, а вчера тие повторно се зголемиле.

Па така граѓани чекаа и по пет часа, бидејќи не работеа сите кабини, а имаше голема редица.

Најголемиот дел од граѓаните кои чекаа беа постари лица, нема редар за контролирање на редот, а забележливо беше и влегување преку ред на одредени лица, што предизвикуваше револт кај граѓаните кои со часови чекаа надвор на ладното време за да влезат во салата и да се фотографираат.

Документите пак наместо за 10 работни дена, како што беше до пред извесно време, сега ќе бидат готови во периодот од последната недела од годинава или за неколку недели.

Пунктот работи од 8 часот наутро, а затвара во 18 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет и двегодишен студент нов случај на позитивен на Ковид-19 во Кавадарци

Редакција

„Бомбите“ на Ел Чека ќе ги слуша и ЦИА, а Заев ќе „падне“, ако не се уапсат криминалците во Владата

Редакција

Заев и Ципрас меѓу најсериозните кандидати за Нобеловата награда за мир?

Редакција