еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Македонија ќе го продолжи европскиот пат кога ќе ги усвои уставните измени

Македонија ќе го продолжи процесот за пристапување во Европската Унија, кога ќе ги усвои уставните измени, со кои Бугарите треба да влезат во македонскиот Устав, стои во заклучоците на Советот за општи работи на Унијата

Како што е познато уставните измени се дел од Преговарчката рамка на земјава, која реално се уште не ги започнала преговорите.

Во заклучоците на Советот стои дека втората меѓувладина конференција за Македонија, што преставува вистинско започнување на преговорите, ќе биде свикана без дополнителни одложувања или потреба од носење дополнителна политичка одлука, штом земјава ќе го заврши процесот на уставните измени, согласно заклучоците на Советот од јули 2022 година.

– Советот ја повикува Северна Македонија да го забрза усвојувањето на овие измени, по што Советот е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, во согласност со Преговарачката рамка.

Советот ги охрабрува сите партии во Собранието да се фокусираат на унапредување на реформите поврзани со ЕУ и процесот на пристапување во Европската Унија, стои во заклучоците.

Во нив се нагласува и важноста од забрзување на реформите поврзани со ЕУ и нивна натамошна консолидација и имплементација, пред се, во областите на владеењето на правото и на основните права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедници.

Се бара и гарантирање на независноста, професионалноста и непристрасноста на судството, зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал и реформи во јавната администрација, а Советот изразува сериозна загриженост за некои измени на Кривичниот законик, кој влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво, како и на несоодветни надворешни влијание врз работата на Судскиот совет и судството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дури 40 препораки за Судскиот совет од ЕУ

Во заклучоците се бара и на зајакнување на слободата на медиумите и на изразувањето и се нагласуваат очекувањата за конкретни резултати од имплеметацијата на договорите со Грција и Бугарија.

Конечната одлука за судбината на 10. земји-кандидати за влез во ЕУ, ќе ја донесат лидерите на Унијата на Самитот утре и во петок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само 26% од Европејците се за прием на Македонија во ЕУ, повеќе се за влез на Украина и Молдавија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го започнува објаснувачкиот скрининг за првиот кластер

Редакција

Од Ковид-19 починале 12 лица, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција

Без обврска за тест и карантин можеме само во Србија, Албанија и Косово

Редакција