Откако Општина Тетово донесе решение за рушење на крстот во дворот на манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка, Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА поднесе жалба до второстепен орган на решението на општинскиот градежен инспектор.
-МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми.
Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи, посочија неодамна од Тетовско-гостиварската епархија, каде поставениот крст го сметаат за урбана опрема, на приватен имот.
Крстот беше поставен на 16. ноември на земјиште сопственост на МПЦ-ОА и храмот Свети Наум Охридски Чудотворец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма