еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НБРМ: Tековниот политички контекст во државата не треба да се поврзува со стабилноста на денарот, ниту на банкарскиот сектор

Народната банка, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на ставот околу оптималноста на постојниот режим на девизниот курс, се вели во реакцијата на НБРМ на изјавата на претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер, кој вчера рече дека ако Македонија остане надвор од ЕУ, на долг рок, тоа би можело да значи дестабилизација на денарот.

„Стабилноста на домашната валута е клучното сидро за одржување и на ценовната и на финансиската стабилност. Не постојат причини, ниту пак каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот. Во економијата не постојат нерамнотежи кои што би можеле да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапувања на курсот од неговото оптимално ниво.

Од голема важност е тоа што оваа година екстерната позиција на економијата е исклучително поволна и силна, а Народната банка интервенира со висок нето-откуп на девизи, што дополнително ги зајакнува девизните резерви кои на континуирана основа се одржуваат на високо ниво и создава простор да се реагира на евентуални притисоци и да се одржува силен капацитет за одржување на стабилноста на домашната валута.

Оттука, сметаме дека тековниот контекст во државата воопшто не треба да се поврзува со стабилноста на домашната валута, ниту на домашниот банкарски систем. И едниот и другиот сегмент се исклучително здрави и отпорни, и не постојат рационални причини за разнишување на довербата и на тековно позитивните очекувања“, реагираат од Народна банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор вреден 28,9 милиони евра склучи Дирекцијата за ТИРЗ со “Стентон градба“

Редакција

Нашиот јазик не е дијалект, ние создаваме на македонски јазик, велат од Друштво на писатели

Редакција

Министерот за надворешни работи на Романија, Чиамба: Одлуката за Северна Македонија е донесена едногласно

Редакција