еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Важечките лични карти, ќе може да се користат и по 13. февруари

Министерството за внатрешни работи донесе одлука дека за домашна употреба, личните карти со називот „Република Македонија“ ќе продолжат да важат и по 13. февруари.

„Цениме дека за домашна употреба и во рамки на границите на Република Северна Македонија, личната карта со називот на државата „Република Македонија“, а која има важност треба да продолжи да важи и по 13.02.2024 година“, објаснуваат од МВР.

Оттаму додаваат дека неспорен факт е дека измените на Законот за лична карта со кој се врши усогласување со уставните измени од аспект на новото уставно име на државата, како и со Законот за употреба на јазиците се уште не се донесени, односно истите се во собраниска постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси

Редакција

По најавата за ново вето од Бугарија: САД не подржуваат одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Редакција

Целосната забрана на извозот на руска нафта ќе предизвика огромен раст на цената, предупреди американската министерка за финансии

Редакција