еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил премиерот Димитар Ковачевски кој утре ќе поднесе оставка

Утре премиерот Димитар Ковачевски и целата влада поради престојните парламентарни избори и формирањето на техничката влада, ќе поднестат оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на Ковачевски ќе поднесе оставка во четврток, новата на Џафери треба да се изгласа до недела на полноќ

На местото на Ковачевски доаѓа Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер 100 дена.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Ковачевски, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал премиер.

Каков имот пријавил

На свое име има три стана во Скопје, од по 83, 70 и 68 метри квадратни.

За последниот има склучено предоговор за купопродажба лани. Истиот е проценет на 5,8 милиони денари.

На свое име има и куќа за одмор во Волково од 51 метар квадратен, купена исто така лани.

Вози Цитроен Ц4.

На име на сопругата пријавил удели, а на свое име акции. На име на сопругата и на свое име пријавил и побарувања по основ на даден заем и по основ на договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата со свои пари ивестираше во фирмата за производство на струја, а тоа е пријавено во мојот анкетен лист, вели Ковачевски

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, меѓу основачите на фирма која ќе произведува струја

На име на децата, сопругата и на свое име пријавил и денарски и девизни депозити.

Имал и кредит од 246 илјади денари, кој според податоци кои ги поднел го земал во 2020 година, а требало да го исплати во 2022 година.

Целиот анкетен лист кој е прилично долг, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер од 28. јануари

Кој е Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Снежна бајка на Попова Шапка

Редакција

Уставениот суд поведе постапка за членот 163, став 3 од Законот за банки

Редакција

Мукаетов панелист на СЕФФ: „Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија“

Редакција