еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил екс директорот Нехат Нухи, осомничен за случајот „Онкологија“

Поранешниот организациски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нехат Нухи, е осомничен за „измама во службата“ во случајот со Клиниката, кој ја вознемири и потресе јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи и тројца доктори осомничени за случајот “Онкологија“

Тој и поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев останаа без пасоши и им е забрането да го напуштат Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нино Васев и Нехат Нухи останаа без пасоши и не смеат да го напуштат Скопје

Тие заедно со тројца доктори од страна на Јавното обвинителство се осомничени дека незаконски и на реверс набавувале скапа цитостатска терапија за да креираат вишоци, како и дека на пациенти им се препишувала терапија поголема од потребната за да создадат вишок од лекови кои потоа се препродавале.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Нухи, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал организациски директор.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

На име на родителите пријавил куќа во селото Семениште, Општина Сарај, како и непрецизиран имот, проценет на 35,7 милиони денари, од наследство.

Вози БМВ, а како заеднички имот пријавил златен накит, проценет на 492 илјади денари.

Пријавил и три кредити.

Едниот е заеднички, во вредност од 564 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.

За вториот, кој е на негово име, во вредност од 1,2 милион денари не дали податок кога треба да го врати.

На свое име има и кредит од 637,8 илјади денари, кој треба да го врати годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил екс директорот Нино Васев, приведен за случајот на Онкологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се е кандидат: Почнува кампањата за избор на градоначалник на Штип

Редакција

Намалување од 35%: Минатата недела 26 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Мицкоски на средба со Орбан, разговарале за ЕУ-интеграциите, енергетската и мигрантската криза

Редакција