еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Mонтирале фотографии на девојчиња и ги исмевале: Обвинителство во Кавадарци поведе постапка против малолетници

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против шест деца во врска со настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци.

„Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,“ информираа од Обвинителството.

Како што се наведува, малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ги подбере ли некој навивачките групи?

Редакција

Каков имот пријавил Илијев, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Редакција

„Супертрејд“ го доби тендерот на општина Куманово за набавка на 558.000 литри масло за горење

Редакција