Несогласувања помеѓу лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, кој сака партијата да настапи на престојните избори во коалиција со Беса, Алтеранатива и Демократскиот сојуз и поранешниот претседател, Зијадин Села, кој сака партијата да настапи самостојно, се прелеа и во кадровски решенија во државните претпријатија и институции.
На седница на Владата се разрешени Бујарe Абази, генерална директорката на Пошта на Македонија и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои застанаа на страната на Таравари.
Информацијата денеска ја соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој исто така застана зад Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијансата за Албанците
Тој рече дека за разрешување на директорите од партијата гласале и замениците министри од АА, Тирон Јајага и Вјолца Бериша, а министерот за правда, Кренар Лога, кој застана на страната на Села, не бил на седницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?
Уште еден министер застана зад Таравари во несогласувањата со Села
Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?