еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сончево и топло време до недела, потоа обилни дождови

Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку ден сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од – 2 до 4, а максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималните температури ќе се спуштат до нула, а максималните ќе достигнат до 17 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Од недела под влијание на влажен бран, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе се задржат над просекот за овој период од годината.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што ќе бараат работниците на денешниот марш за работнички права

Редакција

Во сообраќајка кај обиколницата Богданци загина 46-годишен маж кој возел мопед

Редакција

(Видео) Да се радуваме на животот: Малиот Онур го победи карциномот

Редакција