еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за Оливер Спасовски за обрасците за личните документи од „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски

Партијата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ЗНАМ- За наша Македонија поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и против Министерството за внатрешни работи за обрасците за личните документи, информираа од таму.

-Кривичната пријава се поднесува затоа што во периодот од 12.02.2019 година некаде до средината на 2021 година пријавените вршеле набавка на стари обрасци за издавање на официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија со тогаш веќе неуставното име на државата, со што овозможиле изработка и издавање на официјални лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година.

Во истиот период издавале и официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија на обрасци со поранешното име на државата, односно користеле обрасци кои што не требало да се користат.

Понатаму не ги превземале сите дејствија кои што требало да бидат превземени за навремена набавка на соодветни обрасци за издавање на лични документи со уставното име на државата, односно доцнеле со набавката на соодветни обрасци и пропуштиле да превзмат соодветни дејствија со цел навремено известување на граѓаните на Република Северна Македонија дека рокот на важност на официјалните лични документи издадени на старите обрасци истекува на 12.02.2024 година.

Со овие дејствија постои основано сомневање дека пријавените ги сториле кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик, информираат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А што со граѓаните кои платија за возачките и сообраќајните дозволи и другите документи со „Северна“?

„Јас само да прашам дали ми важи венчаницата без северна„: Твитер реакции за налепниците со НМК, пасошите и возачките

„Сите кредити земени со стари документи, од полноќ се неважечки“: Твитер реакции за возачките, пасошите и личните карти со „Северна“

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донациите се во тек: Собрани половина од средствата потребни за лекување на Леонид во Австрија

Редакција

Убава вест: Во Дебар нема новозаразени од коронавирусот, над 60% од заболените се излечени

Редакција

Соколовска: Herba Health содржат целосен спектар на активни состојки од билките, екстрахирани на телесна температура

Силвана Жежова