Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска информираше дека до Уставниот суд се доставени пет иницијативи за личните карти, возачките дозволи и пасошите и вкупно толку предмети досега се веќе оформени.
Иницијативите се однесуваат на периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење, зашто некои се уште се со важност, како и за слободата на движење, која е ограничена.
Кацарска потенцираше дека слободата на движењето не е надлежност на Уставниот суд, и додаде дека „ако беше воведена уставната тужба, тогаш тие ќе можеа да се обратат до Уставниот суд за секое барање, секоја слобода и право што им е загарантирано со Уставот.“
Таа не прецизираше кога тие предмети ќе бидат ставени на седница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) “Цвета“ бизнисот со налепници НМК
Кривична за Оливер Спасовски за документите и од ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Уставен суд