еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Вечерва концерт на „Фолтин“ во Јавна соба, во рамки на фестивалот „Светско, а наше“

После незаборавниот концерт на Зарина Првасевда во рамките на „Светско, а наше”, со нетрпение се очекува и оваа сабота да продолжи низата од концерти кои го исполнуваат поткровјето на Јавна соба со квалитетна светска музика. На ред се етаблираните и потврдени Фолтин.

Музиката на Фолтин е непредвидлива и предизвикувачка, надреална, страсна и духовита, динамична и полна со изненадувања и спојува многу жанрови, која ќе повика на трансцедентален танц и овој 2. март (сабота).

Фолтин постои од 1996 година. Зад себе има девет самостојни албуми, музика за преку триесетина театарски претстави, музика за десетина филмови, меѓу кои кандидатот за Оскар „Медена Земја” и интернационално најнаградуваниот филм „Исцелител”.

Со концертни настапи и театарски перформанси во живо гостувале во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.

Освен на македонски, англиски и француски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. Фолтин себе си се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре.

Фолтин ја сочинуваат: Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника, Бранислав Николов – гласни и други жици, Пеце Трајковски – Брада – дирки, гитара, перкусии и Гоце Јованоски – бас
Славчо Јовев – тапани.

World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Плоштадот Македонија како ќе го преименувате“: Твитер за отстранувањето на буквите од зградата на Владата

Редакција

Украинскиот парламент го прогласи за геноцид дејствувањето на руската војска

Редакција

Вкупно 52 пожари во последните 24 часа, четири сè уште активни

Редакција