еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште еден загинат во престрелката на „Рузвелтова“ во Скопје, третиот се лекува на КАРИЛ

Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“.

Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал и 47-годишен кој два часа по приемот, односно околу 3 часот по полноќ, им подлегнал на тешките повреди од истелите од огнено оружје.

– И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите, изјави за МИА д-р Алберт Леши, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза“.

Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар биле донесени три лица со повреди од огнено оружје. Кај едниот била веднаш констатирана смрт, другите двајца биле хоспитализирани на КАРИЛ со животозагрозувачки повреди и едниот починал два часа по приемот.

На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.

Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Н.А. а другите двајца Ф.Е (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На местото на престрелката подигнати 25 чаури: Детали од Обвинителството за убиството на две лица на „Рузвелтова“ во Скопје

Вооружена престрелка на Рузвелтова во Скопје: Едно лице загина, има и повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светска банка: Корона вирусот може да го зголеми бројот на сиромашни во Македонија до 130.000 лица

Редакција

(Видео) „Фејсбук“ го смени името во „Мета“

Редакција

(Фото) На Фитр Бајрам, Реисот Сулејман Реџепи се ожени по втор пат со 50 години помладата Емина Јетиши

Редакција