еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев се залага за еднакво бубрежно здравје за сите

Клиника Жан Митрев се приклучува на глобалната кампања за подигање на свеста за важноста и грижата за бубрежно здравје и за рамноправен пристап до нега и оптимално медицинско лекување на бубрежно болните, со намалени цени за нефролошки преглед во текот на месец март, информираат од таму.

Нефролошките прегледи ќе ги изведува д-р Катерина Ристоска, специјалист по нефрологија, а заинтересираните треба само да закажат термин за преглед на телефонскиот број 02 3091-484.

За сериозноста на бубрежната болест укажуваат и статистиките дека секој десетти возрасен во светот има одреден степен на бубрежна слабост. Во нашата држава, секоја година околу 400 нови пациенти започнуваат лекување со хронична дијализа, која што претставува доживотен третман.

Хроничната бубрежна болест може да се развие на која било возраст, но е почеста со зголемувањето на возраста. Дијабетесот и високиот крвен притисок се најчести причинители на бубрежни заболувања. Во раните стадиуми на хронична бубрежна болест нема никакви симптоми и знаци. Може да е загубена и повеќе од 90% од бубрежната функција без да се почувствуваат какви било симптоми.

Најновите откритија во терапевтскиот пристап нудат огромни можности за спречување, одложување на болеста и ублажување на компликациите. Новите терапии и терапевтски пристапи би требале да бидат подеднакво достапни за сите пациенти, но недоволната свест за хроничната бубрежна болест, недоволното познавање и довербата во новите терапевтски можности и стратегии, како и недостигот на соодветен професионален кадар придонесуваат за појава на големи разлики во пристапот до лекување.

Она што треба да се направи за да се намали ризикот од развој на бубрежна болест е секако:

Да бидете активни и да вежбате.

Да јадете здрава храна и да ја контролирате телесната тежина.

Редовно да го проверувате и контролирате шеќерот во крвта.

Барем еднаш годишно да го проверувате нивото на протеини во урина.

Редовно да го проверувате и контролирате вашиот крвен притисок.

Да земате соодветен внес на течности.

Да прекинете со пушење.

Да не користите лекови без препорака на вашиот доктор.

Проверете ја вашата бубрежна функција ако имате еден или повеќе ризик фактори како што се дијабет, хипертензија, обезност или доколку имате семејна историја на бубрежна болест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски ги пречека Борел и Лајчак во Охрид: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

Редакција

Четиридневното примирје помеѓу Израел и Хамас стапи во сила

Редакција

Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Редакција