еМагазин
Image default
Македонија

Питер Ванхауте: Не губете време и пари на нови избори, решавајте ги проблемите

Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте на својот Фејсбук профил им честиташе на мнозинството граѓани што го поддржаа Договорот од Преспа на референдумот.

Тој ја повика Владата да не поднесува оставка туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што тоа е нејзина „проклета должност“.

„Не трошете време и пари на предвремени избори, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата земја. Работете да ја подобрите економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, образованието, и не заборавајте: една изгубена битка не значи дека се е загубено. Да, прифатливо решение со Грција е можно, врз основа на компромисот постигнат со Грција, и тоа се уште е на дофат, иако можеби ќе треба да се преиспита процесот и како да се финализира без одложување. Напред!, напиша Ванхауте на Фејсбук.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни три пожари, вчера имало 27

Редакција

Во Штип и Карбинци 14 новозаразени со Ковид-19, меѓу кои и две деца на возраст од една и три години

Редакција

Министерство за здравство: Сите тестирани денеска негативни на корона вирусот

Редакција