Од Гранит АД Скопје во Годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, информираа дека во 2023 година на органите на управување и надзор им е исплатен бруто износ од 66.842.460 денари на име надоместоци за плата, награда и надоместок за учество во органите на управување.
Еден член од Надзорниот одбор (НО), Горан Марковски, кој е неизвршен член, е вработен во КБ Публикум Инвест АД Скопје, каде од својот работен однос остварил надоместоци во бруто износ од 4.839.899 денари.
Член на НО според податоците на официјалната страна на компанијата е и Виолета Божиноска, а претседател на НО е Ивана Милковска Симева.
Членотот на Управниот одбор (УО), Венко Зафиров, пак е вработен во фирмата Конер Компјутери ДОО Скопје, каде од својот работен однос остварил надоместоци во бруто износ од 802 262 денари.
Генерален директор и член на на УО е Зоран Милковски. Тој е исто така и член на УО на Стопанската комора на Македонија
Членот на УО е и Андреа Серафимовски, кој е и претседател на Здружението на градежници при Стопанската комора.
Претседател на УО е Страшо Милковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гранит ќе дели дивиденда од 42 денари бруто по акција
Страшо Милковски и Ивана Милковска Симева купија по 4.200 акции во Гранит
Директорот на Гранит, Зоран Милковски повторно купи акции на компанијата