Кандидатот за претседател на Македонија на владејачката СДСМ, актуелниот претседател Стево Пендаровски, од донации за претседателската кампања собрал 31.912 денари или околу 520 евра од само три физички лица, покажуваат дватата извештаи кои ги поднел до Државниот завод за ревизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едниот се поднесува на 11. ден од кампањата, а другиот на 20. ден од претседателската кампања.
По завршувањето на изборите тој треба да поднесе и финален извештај.
За Пендаровски 115.000 денари донирала и фирмата КАН Куманово, со што вкупните приходи од донации за кампањата изнесуваат најмалку 146.917 денари или околу 2.400 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија на СДСМ
Кој донирал за претседателската кампања на Гордана Силјановска Давкова
Колку приходи остварила лани СДСМ
Фото: Кабинет на претседателот