Максим Димитриевски, кандидатот за претседател на Македонија на ЗНАМ, има приходи за претседателската кампња од најмалку 121 илјади евра, покажуваат дватата извештаи кои ги доставил до Државната комисија за ревизија.
Едниот се поднесува на 20. ден од кампањата, а другиот на 11. ден од претседателската кампања, а по завршувањето на изборите треба да поднесе и финален извештај.
Од донации има околу 750.000 денари или 12 илјади евра, а самиот тој донирал 20.000 денари.
За платено политичко рекламирање потрошил 6.692.676 денари или околу 108 илјади евра, а за реклами на социјалните мрежи, пак, потрошил 86.520 денари, или околу 1.400 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој донирал за претседателската кампања на Стево Пендаровски
Кој донирал за претседателската кампања на Гордана Силјановска Давкова
Каков имот пријавил Максим Димитриевски, кандидат за претседател на државата на ЗНАМ
Фото: ЗНАМ