Во скопско Драчево вчера беше осветен крст, кој е 12. по големина во светот, а втор во Македонија.
Висок е 63,5 метри, широк четири метри, со распон на краците од 34 метри, секој крак по 15 метри.
Постаментот е 12,5 метри, на три нивоа, а темелната плоча е со дебелина од еден метар.
Во крстот е вградена челична конструкција од 80 тона, премачкана со алкална жолта боја.
Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.
Фото: Општина Кисела Вода/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.