еМагазин
Локално

Двe момчиња од Бангладеш повредени во превртеното возило со мигранти

Според информацијата од СВР Велес, утрово околу 06.30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.

По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти од кои двајца биле повредени. Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите се префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес изјави двете повредени момчиња со возило на Итна помош биле итно пренесени во велешката болница каде и била дадена потребната медицинска помош.

„Станува збор за две млади момчиња од Бангладеш, кои имааат повеќе трауматолошки повреди на целото тело, а поради сериозноста на повредите се пренесени на Клиниката за трауматологија во Скопје“,појасни Андова.

Како што појасни портпаролот на велешката полиција Верољуб Додевски, се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измамен Охриѓанец: Дал капар од милиони денари за куќа во Германија што никогаш не ја видел

Редакција

Поради оперативно-тактичка вежба посебен режим на сообраќајот во Скопје

Редакција

Лекарка од „Брза помош“ нападната додека интервенирала

Редакција