еМагазин
Image default
Македонија

Ѓукановиќ: Референдумот во Македонија е „сигнал за тревога“ за ЕУ

Резултатот од референдумот во Македонија, кој беше одбележан со масовен бојкот, ЕУ треба да го сфати како „сигнал за тревога“ за заканата што ја претставуваат антиевропските сили на Западниот Балкан, изјави денеска црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

– Продолжувањето на проширувањето (на Унијата) е од клучно значење за Западниот Балкна и за ЕУ, оцени Ѓукановиќ во обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур.

Црногорскиот претседател нагласи дека има впечаток оти проевропскиот ентузијазам, што се разви по падот на Берлинскиот ѕид, сега како да тапка во место.

– Во земјите од Западниот Блакан се слушаат пораки, поразлични од оние од останатиот дел на Европа, за темпото по кое треба да продолжи проширувањето. Забуните ги потхрануваат илузиите што ги користат некои ретроградни фактори што постојат во нашиот регион, кои продолжуваат да сонуваат за одново рекомпонирање на целиот регион и за создавање и ширење на држави по национална основа, предупреди Ѓукановиќ.

Тој нагласи дека референдумот во Македонија на најдобар начин ги илустрира овие проблеми.

Како што јави Радио Телевизија Црна Гора, Ѓукановиќ оцени дека во распишувањето на референдумот во Македонија „се влегло прерано и недовно подготевно“ и дека „можеби треба да се остави уште време за да се сфати значењето на таквата важна одлука за иднината на земјата“.

– Се надевам дека Брисел и другите ќе може да го сфатат резултатот од македонскиот референдум како сигнал за тревога и последно предупредување дека треба да се направи многу длабока анализа за односните, но и за политиката на проширување, потенцира Ѓукановиќ.

Тој додаде дека ја разбира потребата на ЕУ да се справи со причините за кризата низ која минува и сфаќа дека и е потребна консолидација, но дека тие предизвици не можат да се надминат со успорување или стопирање на процесот на проширување на Унијата.

– Целосното обединување е одговор на сите проблеми низ кои минува Европата унија. Доколку ЕУ пропушти една можност за интегрирање на Западниот Балкан, се создава голема опасност од политичко вмешување на трети земји, кои немаат исти стртешки цели како ЕУ, порача Ѓукановиќ во обраќањето пред Европарламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Давањето совети не е дипломатски, да ги оставиме македонските политичари сами да решат

Вучиќ пред средбата со Путин: Не се мешам во внатрешните работи на Македонија, но НАТО и ЕУ да покажат поголема почит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

58,8% од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај, а 21 лице е со претходни заболувања

Редакција

По Пендаровски и Ковачевски не исклучува можност на американската “црна листа“ да се најдат и актуелни функционери

Редакција

(Видео) Во „намрштена атмосфера“ Владата го утврди предлог-законот за јавно обвинителство

Редакција